Корисничка поддршка: 02 2772 272


Apple Watch: Eject Water


Apple Watch: Eject Water

Како да ја исфрлите водата од внатрешноста на часовникот користејќи ја опцијата "Water Lock"


Ако вашиот Apple Watch го наврне дожд, пливате со него или се испотивте и направивте добар кардио тренинг, може да се случи звучникот да биде пригушен и да крчи.

Apple Watch Series 2‌, 3, 4, 5 и 6 самите во себе ја имаат опцијата "Water Lock" која автоматски го заклучува екранот и не дозволува тој да се активира додека сте активни.


Исто така, оваа опција може да ја искористите и за исфрлање на водата преку отворите на звучниците на часовникот со што ќе спречите понатамошна појава на влага.

Во продолжение, упатство како мануелно да го подесите часовникот за исфрлање на вишокот вода.



1. Тапни го долниот дел од екранот и задржи кратко.

Почекај да се појави "Control Center" и направи "Swipe UP" како на сликата подолу.


2. Тапни на иконата во форма на водена капка ( види слика )



3. Врти го копчето до страна постојано се додека на екранот не пишува "Unlocked".

Може да го вртиш копчето во било кој правец ( горе или доле ).


4. Во текот на чистењето ќе слушнеш низа од тонови со различна фреквенција, со кои се исфрла вишокот на водата.

Чистењето ќе биде проследено и со анимација на екранот.


5. Откако ќе завршат тоновите и анимацијата на екранот, часовникот може повторно нормално да го користите.


Во продолжение, видео од процесот на чистење,



Прв Премиум Сервис во Македонија за смарт телефони и часовници. Повеќе од 20 години искуство. Работа строго со оригинални и квалитетни резервни делови.

Локација: Адора-Флатирон [ Станбен Комплекс ] во населба Кисела Вода, Скопје.


Останати новости

Бидете во тек со новостите

Останете информирани за сите нови понуди и попусти во нашата Премиум Мобилара.